August 25, 2025

Муцунски денес во Брисел на средби со Марта Кос и Герт Јан Копман

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во работна посета на Брисел.

Во рамки на посетата, како што информираа од неговиот кабинет, се планирани средби со еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, како и со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.

На средбите, како што е најавено, ќе се разговара за теми поврзани со европската агенда на Македонија, реформската агенда на земјата и натамошните чекори во процесот на пристапување во ЕУ.







Skopjeinfo

Read Previous

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев меѓу странските функционери кои добија ордени од Зеленски

Read Next

Топло и сончево до петок, променливо и нестабилно време викендов