August 25, 2025

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев меѓу странските функционери кои добија ордени од Зеленски

По повод Денот на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски објави список со приближно двесте странски функционери и јавни личности, на кои им додели државни одликувања во различни категории.

На листата се најде и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој доби орден за заслуги од трет степен. Наградата се доделува за значаен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршка на украинскиот суверенитет и територијален интегритет, како и за добротворна дејност и промоција на Украина во светот.

Истовремено, украинскиот претседател во неделата ги одликуваше и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман. Пленковиќ беше награден со Орден на принцот Јарослав Мудриот од прв степен, додека Грлиќ Радман доби Орден за заслуги од втор степен, за нивниот придонес во поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина.







Skopje1

Read Previous

На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Read Next

Муцунски денес во Брисел на средби со Марта Кос и Герт Јан Копман