
На градскиот плоштад во Кавадарци денеска со почеток во 18:30 ќе се одржи одбележувањето на 24-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување.
Како што информираат од МВР, на одбележувањето свои обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и досегашниот командант на Единицата за брзо распоредување Зоран Јанаќијев.
Skopjeinfo