
На територијата на Северна Македонија има вкупно пет пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување кризи.
Во објава на социјалните мрежи, Центарот истакна дека според состојбата на теренот заклучно со 12 часот денес, од петте пожари низ државата, активни се два, додека под контрола се ставени или изгаснати се три пожари.
Активни се пожарите во Општина Македонски Брод во подрачјето на „Јасен“, и во подрачјето на Општина Јегуновце, тетовско, помеѓу селата Рогачево и Јажинце.
Под контрола и изгаснати се три пожари на територијата на државата и тоа во Општина Тетово, пожарот на патниот правец Тетово- Гостивар, потоа пожарот во Општина Врапчиште, кај село Врановци, како и пожарот во Општина Липково кај село Матејче.
Од ЦУК велат дека екипите остануваат на терен и ги следат состојбите со цел да се спречи нивно евентуално повторно активирање.