August 15, 2025

МВР лиши од слобода две лица во Куманово и Тетово поради предизвикување пожар

 Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија денес објави дека од слобода се лишени две лица поради сомнение за предизвикување на пожар.

Припадниците на полицијата на СВР Куманово денес лишиле од слобода 57-годишен маж од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. Приведеното лице во населбата Рајкова куќа кон с.Никулски пат предизвикал пожар во кој се опожарени сува трева, патничко возило “ауди”, напуштена куќа и ниви.

Полицијата на Жеровјане во местото Брест атар кај тетовското с.Челопек лишиле од слобода 41-годишен маж од с.Челопек поради постоење основи на сомнение за подметнување пожар.

Полициските служби преземаат мерки за расчистување на случаите.

Read Previous

ТДП на локалните избори ќе настапи со свои листи низ целата земја

Read Next

Над 70 милиони евра инвестиција за Клиничка болница Тетово