August 7, 2025

Локалните избори ќе бидат распишани на 8 или на 9 август

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, во петок или во сабота ќе ги распише локалните избори што се планирани за наесен.

„Изборите ќе бидат распишани на 8 или 9 август. Очекувам фер и демократски избори, достоинствена кампања, политичка култура, натпревар со идеи и визија и посветеност кон граѓаните“, потврди Гаши за локален медиум.

Гласањето за општинските совети и првиот круг за избор на градоначалници ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг ќе биде на 2 ноември.

Најдоцна 35 дена пред локалните избори партиите ќе треба да ги пријават своите кандидати за градоначалници и советници во општинските изборни комисии.

Read Previous

Земјава магнет за странските туристи, раст од 27,7%

Read Next

Пожарникарите се борат со повеќе пожари на грчкиот остров Тасос