November 2, 2026

Сиљановска-Давкова ѝ честита на Јотова за изборната победа, повика на зајакнување на македонско-бугарските односи

Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, им честита на претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, и на потпретседателот Кирил Валчев за победата на претседателските избори во Бугаријa.

„Успехот на претседателката Јотова ја одразува волјата на бугарскиот народ. Уверена сум дека под нејзино претседателство Бугарија ќе има конструктивна улога во нашиот регион и во Европа“, напиша Сиљановска-Давкова на американската платформа на социјални мрежи X.

Таа изрази очекување за соработка заснована на меѓусебна почит, отворен дијалог и вистинско партнерство.

„Со добра волја можеме да ги надминеме постојните предизвици, да ги зајакнеме македонско-бугарските односи и да ги унапредиме мирот, стабилноста и просперитетот“, порача Сиљановска-Давкова.

Read Previous

Од 15 ноември задолжителна зимска опрема во возилата – еве што мора да имате во автомобилот

Read Next

БИА наводно прислушувала обвинители што ја истражувале трагедијата во Нови Сад