August 2, 2025

Запленета поголема количина брендирана стока без документација

Полицијата заплени поголема количина брендирана стока без соодветна документација и приведе едно лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 01.08.2025 околу 20:00 часот на наплатна рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ, бил лишен од слобода Д.Ц. (30) од Крива Паланка, затоа што при преглед на возилото „ауди“, кое тој го управувал, пронајдена е поголема количина на брендирана стока, без соодветна документација. По документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена кривична пријава по чл 285 ст.1 од КЗ“, стои во известувањето од МВР.






Skopjeinfo

Read Previous

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Read Next

Бекташката заедница во Западна Тракија против напорите за создавање „бекташка држава“ во Албанија