August 2, 2025

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, по повод 2 Август, Илинден –Денот на Републиката, положи свежо цвеќе на гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“ и присуствуваше на панихидата во храмот „Св. Никола“. 

Делегации од Кабинетот на претседателката денеска положија свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, пред споменикот на Никола Карев во Скопје, како и пред спомениците на АСНОМ и на првиот претседател на Президиумот, Методија Андонов – Ченто.

Делегација од Кабинетот присуствуваше и на одбележувањето на Илинден во Смилево.

Вчеравечер, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на церемонијата на отворање на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, којашто се одржа на месноста Гумење. На настанот беше прочитан Крушевскиот манифест и беа импровизирани традиционалниот напад на градот и пукањето од црешовото топче.







TV21

Read Previous

Николоски очекува во скоро да има објава на нови субвенционирани авиолинии, овој пат претежно преку Охридскиот аеродром

Read Next

Запленета поголема количина брендирана стока без документација