July 15, 2025

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Од Градот Скопје информираат дека утре (среда 16 јули), во раните утрински часови, ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот против комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Од Градот Скопје ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.






Skopjeinfo

Read Previous

Бугарија не го кочи патот на Северна Македонија кон ЕУ, чека исполнување на критериумот за рамноправност на Бугарите

Read Next

Турција го одбележува 15 Јули, Ден на демократијата и националното единство