November 26, 2026

Македонија остана без селектор, Гоце Седлоски и ФФМ спогодбено ја прекинаа соработката

Од Федерацијата соопштија дека разделбата е во интерес на репрезентацијата, но и на Седлоски, со цел да се избегнат дополнителниот притисок и негативните коментари, по период во кој резултатите не ги исполнија очекувањата.

Седлоски ја презеде репрезентацијата со задача да ја води низ период на промени и подмладување, но националниот тим не успеа да оствари победа во Лигата на нации. Во десет натпревари под негово водство Македонија забележа осум порази и две нерешени средби, со само еден постигнат гол и 23 примени. 

Во соопштението ФФМ му се заблагодари на Седлоски за досегашната работа, посветеноста и професионалниот однос, нагласувајќи дека неговиот придонес во македонскиот фудбал останува значаен и покрај резултатите во репрезентацијата.

„Резултатите се дел од фудбалот. Почитта кон луѓето кои го задолжиле треба да остане и по последниот натпревар“, наведуваат од Федерацијата. 

Со заминувањето на Седлоски, Македонија останува без селектор, а ФФМ ќе треба да избере нов предводник на националниот тим во периодот што следува.

Read Previous

Силјановска – Давкова ќе ги пречека лидерите од Процесот Брдо-Бриони утре на состанок во Охрид