July 14, 2025

Изминатиот викенд 1711 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава

МВР на својата веб-страница изјави дека изминатиот викенд имаше 1711 собраќајни прекршоци на територијата на цела држава.

На страницата на МВР изјавиа, следното: ” Во деновите од изминатиот викенд (12./13. 07.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги извршуваат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1711 издадени платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите по однос на брзината на движење. Истовремено детектирани се 148 возачи што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 80 возачи управувале под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 70 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига.

Покрај ова согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 184 прекршоци се изречени за недозволено, односно неправилно паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 71 лице што не користеле сигурносен појас, 44 заради користење мобилен телефон при возење, четворица возачи минале на црвено светло, а прекршочни казни добиле и 11 пешаци.

По основ пак на Законот за возила, викендов 37 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а девет возила заради техничка неисправност.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. „

Read Previous

Трагедија во каменолом во Србија, работник загина под урнатини

Read Next

Во првите пет месеци од годинава бројот на странски туристи зголемен за 23.6%