July 14, 2025

Во првите пет месеци од годинава бројот на странски туристи зголемен за 23.6%

Бројот на туристите во мај 2025 година изнесувал 130 739, од кои 22.4% се домашни, а 77.6% странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.

Во мај се евидентирани 231 313 ноќевања, од кои 28.8% се од домашните туристи, а 71.2% од странските.

Во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 16.3%. Кај домашните туристи има намалување за 1.0%, а кај странските зголемување за 23.6%.

Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 12.0%. Кај домашните туристи има намалување за 0.3%, а кај странските зголемување за 18.7%.






Skopjeinfo

Read Previous

Изминатиот викенд 1711 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава

Read Next

Опожарени шест куќи во Скопје – 7 лица во болница