July 14, 2025

Трагедија во каменолом во Србија, работник загина под урнатини

Педесет и три годишен работник починал кога врз него се срушила голема количина камења во каменолом во подножјето на планината Гоча во централна Србија, јавува Блиц.

Службите за итни случаи, кои биле на местото на несреќата, изјавиле дека можат само да ја потврдат неговата смрт. Вчера, по речиси осум часа, екипи на специјален тим од Дирекцијата за вонредни ситуации во Крагуевац успеаја да го извлечат телото на работникот.

Во спасувачката акција во каменоломот во Краљево – Гоча, според Блиц, учествуваше и специјализиран тим за урнатини од Дирекцијата за вонредни ситуации во Крагуевац. Каменоломот во населбата Каменица, во подножјето на Гоча, е во приватна сопственост.






infomax

Read Previous

Пет активни пожари во Македонија

Read Next

Изминатиот викенд 1711 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава