July 14, 2025

Пет активни пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира за состојбата со пожарите низ Македонија.

Како што велат, има 5 активни пожари, додека пак изгаснати се 19.

Активни пожари (5):

  1. Општина Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума)
  2. Општина Чучер Сандево: с. Горњани (нискостеблеста шума)
  3. Општина Велес: кај с. Џидимирци и Крушје (мешана шума)
  4. Општина Македонски Брод: помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа и с. Слатина (дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
  5. Општина Прилеп: н. Три Багреми (ниска вегетација)

Изгаснати пожари (19):

  1. Гази Баба: гробишта Камник (ниска вегетација)
  2. Гази Баба: ул. Душан Тавковиќ (нискостеблеста шума и ниска вегетација)
  3. Прилеп: покрај патот хотел „Салида“ – Битола (ниска вегетација)
  4. Прилеп: с. Лажани – с. Ропотово (ниска вегетација)
  5. Ресен: с. Перово (трска)
  6. Охрид: с. Оровник (ниска вегетација и ѓубре)
  7. Охрид: н. Далјан (ниска вегетација и ѓубре)
  8. Виница: с. Ласки (нива и ниска вегетација)
  9. Куманово: круг на ФЗЦ (ниска вегетација)
  10. Куманово: м.в. Пармакови ниви (ниска вегетација и депонија)
  11. Куманово: с. Умин Дол (ниска вегетација и стрниште)
  12. Старо Нагоричане: с. Пелинце – Мишинци (ниска вегетација и деградирана шума)
  13. Крива Паланка: с. Градец – Ѓошинска маала (ниска вегетација и дрва)
  14. Ранковце: с. Милутинци (отпад)
  15. Старо Нагоричане: с. Милутинци (депонија)
  16. Тетово: Поправен дом (ниска вегетација)
  17. Гостивар: близина на стадионот (ниска вегетација)
  18. Гостивар: с. Чегране (пченица)
  19. Шуто Оризари: ул. Индира Ганди (отпад)

Read Previous

Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура

Read Next

Трагедија во каменолом во Србија, работник загина под урнатини