
Центарот за управување со кризи информира дека до 21:30 часот регистрирани се 52 пожари.
оментално активни се 10, додека пак под контрола се 4.
- Прилеп – с. Бешиште, Бешишки Рид (мешана шума)
- Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Локвица (дабова шума и грмушки)
- Македонски Брод 3 – с. Рамне (ниска вегетација, од фабриката Самоков)
- Македонски Брод 4 – с. Слатина (мешана шума)
- Македонски Брод 5 – с. Ковче (мешана шума)
- Велес – с. Џидимирци (ниска вегетација)
- Чашка – под Солунска Глава (чад во карпест дел, шумски пожар)
- Желино – с. Ларце (друга локација, мешана шума)
- Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)
- Виница – с. Драгобраште (нискостеблеста шума)
Под контрола:
- Кочани – Бабиште, меѓу Јастребник и Полаки (ниска вегетација и мешана шума)
- Делчево – Градска депонија Острец
- Старо Нагоричане – с. Алгуња (нискостеблеста шума)
- Крива Паланка – с. Градец и с. Лозаково (борова, дабова и багремова шума)
Изгаснати:
- Прилеп (5) – Веселчани, Ново Лагово, Забрчани, Црн Бор, Лажани
• Крушево – Градска депонија
• Могила, Велес (4), Росоман, Кавадарци, Свети Николе (3)
• Јегуновце, Желино, Теарце, Гостивар, Радовиш, Ново Село
• Пробиштип (3), Берово
• Куманово (10) – Карпош, Гранд Оил, Пуковско, Романовце, Палестина, Табановце, Средорек, Бело Брдо, патарина Романовце, Никуњски Пат
• Ранковце – Милутинци
• Кратово – Куклица
TV21