July 3, 2025

169 казнети возачи за само 6 часа во Куманово и Тетово

Вчера (02.07.2025) во периодот од 16.00 до 22.00 часот Секторот за  сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција во Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Тетово и СВР Куманово, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 169 возачи од кои 17 за возење без возачка дозвола, 13 за управување возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, двајца возачи за управување возило со несоодветна категорија.

Изречени се девет мерки за возачи кои управуваат моторно возило како возач почетник, односно со сила на мотор на возилото поголема од дозволената, 73 санкции за возачи на мотоцикл поради не користење на заштитна кацига, пет мерки за затемнети стакла без извршен А-тест, осум санкции за вршење јавен превоз на патници без лекарско уверение, одземени се два мотоцикли  по член 344 од ЗБСП… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.







TV21

Read Previous

Курти: Ќе направиме сѐ што може за да го конституираме Собранието во рокот утврден од Уставниот суд

Read Next

Мицкоски: Инвестиција од 30 милиони евра и 300 вработувања во автомобилската индустрија