July 3, 2025

Мицкоски: Инвестиција од 30 милиони евра и 300 вработувања во автомобилската индустрија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција најави нова инвестиција во вредност од над 30 милиони евра со нови 300 вработувања.

„Денес испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата. Со особено задоволство ја објавувам новата инвестиција на Гемтерм, глобален лидер во автомобилската индустрија, кој покрај веќе постоечката во Прилеп започнува со свој план во процесот за проширување токму овде. Гемтерм со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме дека Македонија станува сигирна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции“, изјави премиерот Мицкоски.

Инвестицијата согласно деловниот план на компанија ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра, со нови до 300 вработувања.

„Станува збор за високо интегрирани системи во автомобилската индустрија со нова технолошка опрема, автоматизирани линии и современо производство. Ова значително ќе го зголеми извозот на ова високо техноложко производство кое докажува дека сме конкурентни на тој пазар“, потенцира Мицкоски.

Премиерот упати благодарност до директорот на техничко индустриските зони, Димовски и до министерот за надворешни работи и надворешна политика за заложбите за остварување на оваа инвестиција.

„Ова не е само утре една инвестиција, ова е двигател на нашата економија, со вакви проекти расте индустриското производство, се отвараат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија“, додаде Мицкоски.








Skopjeinfo

Read Previous

169 казнети возачи за само 6 часа во Куманово и Тетово

Read Next

Една година Министерство за дигитална транформација