July 1, 2025

 Од следната година електронски свидетелства

Наместо во печатена форма, свидетелствата за завршените одделенија во основното образование од следната учебна година ќе бидат достапни дигитално и директно ќе се преземаат од средните училишта во кои учениците ќе аплицираат за упис.

Оваа новина ја најави министерката за образование, Весна Јаневска, објаснувајќи дека системот е-дневник веќе го овозможува ова, но дека се чека на подобра информираност и подготвеност кај населението, особено во руралните средини.

„Не го воведуваме оваа година не затоа што не можеме, туку затоа што многу родители и ученици, особено во помали места, сè уште не знаат како функционира дигиталниот процес. Недостига опрема, интернет и дигитална писменост“, рече Јаневска, додавајќи дека очекува од следната година над 90% од учениците да добијат електронски свидетелства.

Таа истакна и дека сведителствата, иако емоционално важни за децата и родителите, се административен документ што средните училишта ќе го добиваат автоматски – без потреба да се носи во хартиена форма.

Во врска со бројот на запишани првоодделенци и влијанието на иселувањето, Јаневска посочи дека прецизни податоци ќе има во септември, по завршување на вториот уписен рок, кога ќе може и да се направат соодветни анализи по општини.





TV21

Read Previous

Тошковски кажа како ќе ги намалува гужвите за влез во Грција преку ГП Богородица