
Македонските власти ќе отворат две нови ленти за излез и една дополнителна за влез на товарни возила на граничниот премин Богородица, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
На заедничка прес-конференција со неговиот литвански колега, Тошковски посочи дека се разгледува и долгорочно решение – пренасочување на товарниот сообраќај преку посебен граничен премин, по примерот на Грција.
Во летните месеци, Богородица е под огромен притисок, бидејќи освен македонските граѓани, граничниот премин го користат и туристи од регионот на пат кон грчкото крајбрежје. Тоа често резултира со долги редици и чекање со часови.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис веќе најави целосна реконструкција на граничниот премин Евзони, со цел да се забрза протокот на патници и стока на јужната граница.
Skopje1