May 19, 2025

Путин и Трамп ќе имаат телефонски разговор вечерва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави дека рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп ќе разговараат телефонски вечерва.

За време на прес-конференцијата во Москва денес Песков потврди дека повикот е закажан за 17 часот по московско време.

Според него, цел на повикот е да се разговара за резултатите од неодамнешните разговори меѓу Русија и Украина што се одржаа во Истанбул минатата недела.

Песков го опиша претстојниот контакт како „важен“, истакнувајќи дека лидерите ќе разговараат и за идните комуникации меѓу двете земји.




AA

Read Previous

Викендов биле казнети 389 возачи поради брзо возење

Read Next

Директорот на Фондот за здравство Клековски се согласува да биде министер за здравство доколку добие понуда