May 19, 2025

Викендов биле казнети 389 возачи поради брзо возење

За време на викендот полицијата издала вкупно 1363 издадени платни налози, а дури 183 прекршоци се однесуваат на возачи кои учествувале во сообраќајот без возачка дозвола.

„67 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 101 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење на заштитна кацига. Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 389 прекршоци во текот на викендот се однесуваат за возење со брзина поголема од дозволената, 198 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани 79 возачи за некористење сигурносен појас. Изречени се 30 мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за минување на црвено светло. Исто така согласно Законот за возила, 52 возила биле отстранети поради тоа што биле нерегистрирани, а седум возила за техничка неисправност“, информираат од МВР.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Read Previous

Вкупно 11 пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во странство

Read Next

Путин и Трамп ќе имаат телефонски разговор вечерва