
Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски информира дека Владата и премиерот ќе одлучат кој ќе биде новиот министер за здравство кој ќе го замени Арбен Таравари. Вели дека лично се чувствува посветено и продуктивнов во ФЗО, каде што вели, дека има многу работа. Сепак, најавува дека ќе биде отворен за разговор во зависност од потребите.
-Во ФЗО има многу што да се работи, така да било какви рокади мора да предвидуваат комплетно решение на кадровските екипираност во секторот здравство, кажа Клековски, одговарајќи на новинарско прашање, додавајќи дека би прифатил да биде министер, но со соодветна замена во ФЗО.
Освен Арбен Таравари кој оставката ја достави пред неколку дена, досега ниту еден министер или заменик нема поднесено оставка.
Клековски е назначен за ВД директор на Фондот. Тој беше извршен директор на невладината МЦМС (Македонски центар за меѓународна соработка) од 1993-та до 2011-та година. Беше активен во невладиниот сектор, но како претставник на бизнис секторот. Во јавноста е познат и како аналитичар на политичките состојби и на истражувањата на јавното мислење.
Локално