
Вчера (15 мај 2025), во 18:49 часот, непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и пријавило дека во салата „Јане Сандански“ во Скопје, каде што вечерва беше закажан музички концерт, е поставена експлозивна направа.
По пријавата, веднаш се преземени соодветни безбедносни мерки и сите присутни се евакуирани од објектот.
Во моментов се вршат антитерористички проверки од страна на надлежните служби. Доколку по нивното завршување се утврди дека објектот е безбеден, концертот ќе продолжи.
Skopjeinfo