
Арбен Таравари и официјално ја поднесе својата оставка од функцијата министер за здравство до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
о ова писмо Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Министер за здравство на Република Северна Македонија. Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство за должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја носам по внимателна, лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дела од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина секогаш водејќи се од јавниот интерес“, стои во оставката.
TV21