мај 14, 2025

Центарот на глобалната дипломатија: Турција

Почитувана јавност на Македонија, здраво.

Преку веб-страницата Timebalkan.mk, во текот на следниот период, ќе се трудам да ви ги пренесам актуелните настани во Македонија, Балканот, регионот и светот од алтернативна перспектива.

Можеби ќе се согласите со некои од моите ставови, а со некои не, но, како што вели познатиот француски филозоф Волтер: „Можеби не се согласувам со тоа што го велите, но ќе се борам до смрт за вашето право да го кажете.“ Затоа, сметам на вашата поддршка.

Неодамна, додека разговаравме дома за актуелните политички теми во светот (од конфликтот меѓу Индија и Пакистан до геноцидот во Газа), мојот 70-годишен татко изјави: „Фала му на Бога што постои Турција.“ Пред да го прашам зошто, тој додаде: „Во овие услови на светска несигурност и хаос, Турција е компасот на кој може да му веруваме, на кој можеме да се потпреме, кој ни ја покажува насоката.“ И мислам дека е во право.

Турција и нејзината влада, предводена од Претседателот Ердоган, работат нон-стоп за да го направат светот подобро место, да застанат на страната на угнетените и да ги ублажат нивните страдања, водејќи интензивна дипломатска активност. На оние кои ги игнорираат овие напори или ги презираат како залудни, Турција одговара со мотото: „Светот е поголем од петорката (постојни сили).“

Неколку дена по овој разговор, сфатив дека не сум единствен што мисли како татко ми. Прво, Путин го посочи Истанбул како место за преговори меѓу Русија и Украина, потоа Зеленски рече „Ќе бидам таму“, за на крај, Трамп и покрај набиената агенда, изјави дека може да дојде во Истанбул за време на неговата турнеа во Заливските држави. Овие изјави од светските лидери ја потврдуваат улогата на Турција како центар на глобалната дипломатија.

Ако ги погледнеме изјавите, акциите и реакциите, Турција и нејзината дипломатија, иако понекогаш недоволно забележани во текот на историјата, сега впишуваат историја со златни букви. Утрешните средби не се обичен самит, туку најјасен показател за довербата што глобалните сили (кои се борат меѓу себе за доминација) ја имаат во Турција, нејзината неутралност, правичност, дипломатија и безбедност.

Згора на тоа, евалуацијата на регионалните теми на квадрилатералната онлајн средба меѓу Претседателот Ердоган, Претседателот на САД Трамп, Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и сирискиот претседател Шара, како и Неформалната средба на министрите за надворешни работи на НАТО во Анталија, јасно го потврдуваат фактот дека овие дипломатски успеси не се коинциденција.

Додека Турција постигнува маркантни успеси на глобално ниво, таа истовремено решава и долгогодишни проблеми (според некои 50, според други 100 години стари). ПКК, терористичката организација која деценијава вршеше напади во Турција, објави дека се разоружува и се самодисперзира. Турција со уверливи чекори оди кон „Турција без тероризам“.
Во светлината на сите овие настани, уште еднаш гледаме колку е важна Турција како актер – и за светот, и за регионот, и за Балканот.

Со надеж дека ќе се гледаме почесто во моите следни колумни…

Read Previous

Шверцувал над 400 литри гориво од Македонија во Албанија

Read Next

Отворено писмо од пратеникот Мурат до претседателката Давкова