мај 14, 2025

Шверцувал над 400 литри гориво од Македонија во Албанија

Албанската гранична полиција привела жител на Тирана, при обид да шверцува 412 литри гориво, од Македонија во Албанија.

Тие го фатиле на граничниот премин „Блато“ на албанско – македонската граница, кај Дебар.

„Полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор, при контрола на возилото „Мерцедес Бенц“, откри 17 канистери наполнети со 412 литри бензин и дизел, кои П.Ч.(54) жител на Тирана се обидувал да ги внесе во нашата земја, без да ги пријави. Горивото е запленето како материјален доказ, заедно со возилото, додека неговиот возач, е лишен од слобода. Тој ќе одговара за кривично дело „Криумчарење стока што подлежи на акциза“, стои во полициското соопштение. 

Се посочува дека службите на комесаријатот на граничната полиција – Пешкопеа, продолжува со засилени мерки на граничниот мониторинг и деталната контрола, со цел спречување и борба против прекуграничниот криминал.

Албанските граѓани, посебно оние од пограничните населени места долж албанско-македонската граница, редовно, гориво набавуваат во бензинските пумпи во Дебар, Струга и Ресен, поради пониската цена, но, како што и самите потврдуваат, повисокиот квалитет на горивата.




TV21

Read Previous

Земјотрес со јачина од 6,1 степен го погоди грчкиот остров Крит

Read Next

Центарот на глобалната дипломатија: Турција