мај 10, 2025

Утре авионска дезинсекција ќе се прска против комарци

Согласно добиено известување од Град Скопје- Сектор за комунални работи, Регионалниот центар за управување со кризи -Скопје информира дека утре (недела) во раните утрински часови ќе се изврши Авионска дезинсекција против ларви од комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во ист термин, велат надлежните.

Се известуваат пчеларите навремено да ги превземат потребните мерки за заштита на пчелите. 



Skopjeinfo

Read Previous

Северна Македонија и Србија потпишаа договор за систем „One Stop“ и брза заедничка гранична контрола

Read Next

Средба на српскиот претседател Вучиќ со Путин во Москва