мај 10, 2025

Средба на српскиот претседател Вучиќ со Путин во Москва

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес му изрази благодарност на рускиот претседател Владимир Путин за неговата огромна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и нагласи дека заедничка задача на двете земји е да не дозволат ревизија на историјата.

На почетокот од средбата со Путин во Кремљ, Вучиќ му се заблагодари на рускиот претседател за гостопримството и уште еднаш му го честита празникот, 80-годишнината од победата во Големата татковинска војна.

„Тоа е многу важен ден и за нас, за Србите. Горди сме на улогата на нашиот народ во ослободувањето на нашата земја од нацистичките освојувачи и многу сме ѝ благодарни на Црвената армија, на Советската армија, за тоа што одигра голема улога во тоа ослободување“, рече Вучиќ обраќајќи се на руски јазик.

Тој додаде дека Путин дал исклучителен придонес во развојот на билатералните односи меѓу двете земји.

Вучиќ истакна дека улогата на Русија е важна и дека заедничка задача е да не се дозволи ревизија на историјата, додавајќи дека денешниот ден покажа дека заеднички треба да се работи на тоа.

„Ви благодарам уште еднаш за оваа прекрасна манифестација, величествената парада на која присуствувавме денес и се надевам дека ќе се видиме и во Србија и во Белград“, рече Вучиќ и додаде дека тој и делегацијата на Србија во Москва се чувствуваат како дома.




AA

Read Previous

Утре авионска дезинсекција ќе се прска против комарци

Read Next

Екс претседателот Ѓорге Иванов стана Почесен доктор на науки на Универзитетот во Текирдаг