мај 8, 2025

Санкционирани 1452 возачи низ цела држава

Министерството за внатрешни работи информираше дека во изминативе два дена полицијата издаде 1452 платни налози .Според статистичките податоци и натаму најголемиот број изречени прекршоци од страна на возачите – 436 се однесуваат на непрописно паркирање, а 258 се однесуваат на непочитување на брзината на движење.

„По однос на останатите евидентирани прекршоци, за непоседување на возачка дозвола изречени се 132 санкции, потоа дури 162 мерки за некористење на сигурносен појас, како и 44 прекршоци за возачите на мотоцикл за неносење на заштитна кацига. Потоа следат 85 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење, како и 11 прекршоци што ги сториле пешаците.

Во рамки на контролите, исто така во четири случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, 21 возач управувал возило со недозволено ниво на алкохол во крвта, а евидентирани се и 15 прекршоци за нерегистирани возила и за техничка неисправност согласно Законот за возила“, се вели во соопштението на полицијата.

Од таму посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.





Skopjeinfo

Read Previous

Таравари: Во комуникација сме со премиерот Мицкоски

Read Next

Литванија и Естонија им забранија прелети на Фицо и Вучиќ на пат кон Москва