
Претседателот на Алијансата за Албанците, дел од Владата, Арбен Таравари во изјава за медиумите изјави дека се во постојана комуникација со премиерот Христијан Мицкоски.
Таравари не прецизираше кои ќе бидат следните чекори – дали ќе останат во Владата или не – но кратко рече дека јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошните одлуки.
„Имавме состанок со премиерот пред два дена, ќе продолжиме со разговорите и сме во комуникација. За следните чекори, повторно ќе ве информираме“, изјави Таравари.
TV21