април 2, 2025

Приведен бегалец од затвор, вратен е во Идризово

На 31.03.2025 во 03.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.М.(61) од с.Речане кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово. Б.М. бил осуден на девет години и 11 месеци, а за доиздржување имал три години, пет месеци и 14 дена, а во врска со сторени кривични дела по член 215 и 247 од КЗ. Тој е спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на затворската казна.




TV21

Read Previous

Пензионерите од утре ќе добиваат повисоки пензии за 2.500 денари

Read Next

Минимална плата од 24.400 денари стапи на сила