
Масар Омерагиќ, претседателот на ФФМ во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека фудбалската репрезентација е пример како треба да функционира Македонија, и дека во неа играат сите како еден тим од сите етникуми.
„Македонската репрезентација е пример за тоа што е Македонија. Играат сите етникуми, и сите функционираат како едно. Енис Барди е еден прекрасен дечко, но и сите останати во репрезентацијата“, рече Омерагиќ.