март 31, 2025

Таравари: Денес 8 пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште 9 пациенти

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека во моментот во установите во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти од пожарот во кочанската дискотека. Сите се стабилни и во добра состојба, а од нив 8 пациенти денеска се пуштаат на домашно лекување.

– Во моментот 8 пациенти се лекуваат во Клинички центар, од кои 6 на токсикологија и 2 на пластична хирургија, 6 пациенти во Стара градска болница, 5 во ГОБ 8 Септември и 3 во Систина. Во странство во моментот се хоспитализирани 91 пациент, а денеска е планирано да се вратат вкупно 9 пациенти од повеќе земји – Унгарија, Италија, Грција, Србија и Шведска, истакна министерот Таравари.

Во однос на пациентите кои се во критична состојба, министерот посочи дека одредени лабораториски иследувања покажуваат подобрување во однос на претходните денови.

– По враќањето на пациентите од странство, мора да се придржуваме до протоколите од кризниот штаб, односно задолжително се вршат токсиколошки анализи и се спроведува 24-часовен надзор, порача министерот. 

Skopjeinfo

Read Previous

Омерагиќ: Фудбалската репрезентација е пример за тоа што е Македонија, од сите етникуми играат како едно

Read Next

Еврокомесарката Кос: Мојот сон е целиот Западен Балкан да биде интегриран во ЕУ