
Во Босна и Херцеговина најтешка е состојбата на подрачјето на Сански Мост, каде што е прогласена состојба на елементарна непогода.
Поради дождот, кој со денови непрекинато врне, под вода се многу улици во Бања Лука, а поплавени се и тротоарите.
Во градот се поплавени и многубројни гаражи, а особено критична е состојбата во населбата Лазарево, каде што водата ги зафати куќите, а во некои населби има отсечени домаќинства.
Поради покачување на водостојот на реката Врбас, затворен е сообраќајот над Трнски мост во месноста Лакташ.
Поради наглото покачување на водостојот на Сава и нејзините притоки, која се излеа во неколку населени места, во Градишка е прогласена вонредна состојба.
Во некои училишта во областа Градишка денеска е откажана наставата.
Поради надојување на реките Велика и Мала Усора, граѓаните во Теслиќ мака мачат со поројните дождови, а наставата во училиштата е прекината.
Во Босанска Крупа се излеаја реката Крушница и неколку потоци, а поплавени се земјоделски површини и помошни објекти.
ZOOM