март 23, 2025

Досега се собрани 51.822.579 денари за за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

Досега се собрани 51.822.579  денари за  за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства, соопшти денеска Црвениот крст.

Оттаму информираат дека се во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за настраданите од пожарот.

Повикуваат и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите и упатуваат голема благодарност до сите кои донираа.




Skopjeinfo

Read Previous

Ќе се прави контрола на сите издадени лиценци