март 23, 2025

Ќе се прави контрола на сите издадени лиценци

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски утрово на прес конференција порача дека ќе се прави контрола на сите издадени лиценци без разлика на што се однесуваат.

„Донесовме одлука да се направи контрола на сите издадени лиценци од страна на Минстерствата во рамки на Владата без разлика на што се однесуваат. Оваа одлука се однесува на сите министерства и на сите Институции кои што издаваат лиценци од било кој тип“, вели Николоски.

Како што вели, од Министерството со кое раководи во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно законот за градење и законот за урбанистичко планирање.

„По завршувањето на овие постапки, ќе следат и јасни законски измени со која што ќе биде законска обврска на секој 6 месеци да се врши ваква контрола на се што е издадено од страна на институциите“, додаде Николоски.




TV21

Read Previous

Косовската претседателка Османи рече дека односите со Туркије се засноваат врз заемна доверба

Read Next

Досега се собрани 51.822.579 денари за за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани