март 16, 2025

Починатите во дискотеката во Кочани се на возраст од 14 до 25 години

Од 14 до 25 години се починатите лица во пожарот кој се случи утринава во дискотека во Кочани изјави денеска директорката на Болницата во Кочани, д-р Кристина Серафимова.

Починатите се од Скопје, Штип, Кочани и Пробиштип, додаде д-р Серафимова, додавајќи дека кај нив се хоспитализирани 20 пациенти од 18 до 23 години.

Во пожарот кој избувна утрово во 3 часот загинаа 51 лице, а над стотина се повредени, соопшти претходно министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.




Skopjeinfo

Read Previous

Поради трагедијата во Кочани откажани се сите културни и спортски манифестации

Read Next

Бугарија испраќа авион „Спартан“, за да транспортира пет тешко повредени лица од Кочани во болниците во Софија и Варна