
Сите културни и спортски манифестации кои беа закажани за денеска во земјава, се откажани поради трагедијата во Кочани и страотниот пожар кој одзеде преку 50 животи.
На социјалните мрежи се појавуваат објави на откажувања на настапи на стенд-ап комичари, концерти на музичари, како и на натпревари од спортски карактер низ Македонија.
Спортските федерации утрово соопштија дека сите спортски натпревари кои требаше да се играат на територија на земјава се откажани. Ракометарите на Македонија, кои вечерва играат против Словенија во Целје во рамките од квалификациите, ќе играат со црни ленти на рацете.