март 17, 2025

Бугарија испраќа авион „Спартан“, за да транспортира пет тешко повредени лица од Кочани во болниците во Софија и Варна

По наредба на премиерот Росен Желјазков, авионот „Спартан“ на бугарското воено воздухопловство замина за Република Северна Македонија, јавува БГНЕС.

Авионот од Скопје до бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани.

Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари за реанимација и специјалисти за изгореници.

Повредените ќе бидат сместени во специјализираните единици за изгореници во медицинските установи во Софија и Варна.

Дополнително, итно е подготвена клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград да прими повредени лица доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште жртви по координација со властите на Република Северна Македонија.





ZOOM

Read Previous

Починатите во дискотеката во Кочани се на возраст од 14 до 25 години

Read Next

МНР формираше кризен штаб по трагедијата во Кочани

Most Popular