декември 27, 2024

Ќе се гради втората фаза од жичницата во Скопје од Капиштец до Средно Водно

Наскоро со жичница ќе може да се оди од Капиштец до врвот на Водно, откако Владата најави продолжување на проектот, односно на изградба на втората фаза од Средно Водно до Капиштец, пренесува САКАМДАКАЖАМ.

Директорот на службата за општи и заеднички работи на Владата најави дека со жичницата ќе биде поврзан градот со Водно. 

„Во следниот период ќе се прават анализи, односно ќе видиме што предвидувал претходниот проект, дали е потребно нешто да се корегира и ќе излеземе во јавност“, рече Томовски за СДК.

Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст беше пуштена во употреба во 2011 година, и чинеше 6,7 милиони евра. По изградбата на првата, беше најавена и втора вдаза. Според тогашниот проеклт на министерството, се предвидуваше прва станица да биде црквата Свети Јован во Капиштец, и потоа да застанува кај детската болница Козле, и од таму да продолжува кон Средно Водно и Милениумскиот крст.

TV21

Read Previous

МОН: Исплатени ученичките и студентските стипендии

Read Next

Од 1 јануари фирмите ќе плаќаат до 100 проценти повеќе за експлоатација на природни ресурси – Министерството за енергетика со нов тарифник за фер наплата