април 1, 2025

МОН: Исплатени ученичките и студентските стипендии

Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија информира дека средствата за ученички стипендии за четири месеци, како и средствата за студентски стипендии за три месеци, веќе се префрлени на постојните корисници, како и на новите корисници кои ги исполнуваат условите за овој тип на финансиска поддршка.

Овие стипендии се наменети за ученици и студенти кои се евидентирани како потребити корисници на стипендиите, а целта е да се обезбеди поддршка за нивното образование и да се стимулираат да продолжат со своето школување или студирање без финансиски пречки. Со овие средства, Министерството продолжува со својата заложба да ги поддржи младите и да ја подобри нивната образовна и академска успешност.

Read Previous

Вондредна инспекција во маркетите, доколку не се намалат цените на основните прехранбени производи ќе преземеме поригорозни мерки, најави Дурмиши

Read Next

Ќе се гради втората фаза од жичницата во Скопје од Капиштец до Средно Водно