декември 26, 2024

Од 1 јануари Македонија добива нов скијачки центар „Михајлово“

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави нов ски центар „Михајлово“. Првата скијачка патека ќе го носи името „Македонија“, а официјално ски центарот ќе биде отворен на 1. јануари.

„Со огромно задоволство ве покануваме на 1 јануари од 11.00 часот на првиот ден од новата година во срцето на Кожув планина, да бидете дел од официјалното отворање на Скијачки Центар ,,Михајлово” и првата скијачка патека која ќе го носи името Македонија!

Снежната покривка е совршена, а планината подготвена да ве пречека.

Нова година, нов успешен почеток!

Ве очекуваме заедно да ја доживееме магијата на зимата“, напиша Јанчев на Фејсбук.





TV21

Read Previous

Мицкоски: Цените на одредени продукти се зголемени и до 25%, тоа е неетички и нечовечки

Read Next

Снежно невреме во Хрватска, 48 луѓе останаа заробени во автомобили