декември 26, 2024

Мицкоски: Цените на одредени продукти се зголемени и до 25%, тоа е неетички и нечовечки

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека доколку трговците не ги намалат цените и продолжат со нивно зголемување реакцијата на институциите ќе биде уште по робусна во периодот што следува. Тој додаде дека разговарале со сопствениците на сите големи маркети и оти оставиле добра воља да не биде со пристап кој ќе значи ограничување на цени и.т.н, за кои тие велеле дека е непопуларна мерка.

„Сакавме да слушнеме од нив на добра воља да се поразговара и да се донесе заедничко решение, кое ќе биде прифатено. И тоа се случи. Тоа што некој од нив се служат со трикови, тоа е друга работа. За тоа ќе има соодветни процедури, трае анализата и тие процедури деновиве ќе бидат аплицирани“, рече Мицкоски.

Смета дека не е добро што си играат со трпението на граѓаните и оти во периодот пред празници на одредени производи цените биле зголемени и за 25 отсто.

„Тоа што тие мислеа дека ќе не надмудрат на овој начин и си играат со трпението на граѓаните и на Владата мислам дека не е добро и треба да си го преиспитаат однесувањето. Ова не е коректно однесување, посебно пред празници на ваков начин не треба да се прават големи профити. Затоа што граѓаните очекуваат од нивна страна разбирање и во најмала мерка да биде така како што било, а не наеднаш да се зголемуваат цените на одредени продукти. На одредени продукти за 25% се зголемени цените на производите. Тоа не е етичко однесување, туку би рекол нечовечно однесување“, кажа Мицкоски.




Skopjeinfo

Read Previous

Град Скопје им додели награди на најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител за 2024 година

Read Next

Од 1 јануари Македонија добива нов скијачки центар „Михајлово“