декември 23, 2024

Производите од новогодишната кошница поевтиниле за 10 проценти, регистрирани ситни забелешки, уверуваат Дурмиши и Стојкоски

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска по посета на маркети во Скопје оцени дека цените на производите од новогодишната кошница што почна на 15. месецов се намалени за 10 проценти и повеќе. Државниот пазарен инспекторат, пак, како што соопшти директорот Влатко Стојаноски, регистрирал ситни забелешки во однос на означувањето на производите и ситни корекции кај цените на два-три трговски субјекти. Инспекторите не регистрирале отстапување од договореното за поевтинување на производите за 10 проценти во однос на нивната најниска цена во последните 30 дена пред почетокот на акцијата.

Листата со производи од акцијата, како што соопштија, од стартните 600 надминала 1.100 и е отворена.

Денеска бевме во посета на маркетите за да видиме дали се ставени прозиводите во маркетите што беа понудени од трговците, проиозводителите и дистрибутерите во Новогодишната кошница. Видовме  дека се  означени со ознаката, тие производи што се ставени на листата намалени се за 10 проценти и повеќе. Ме радува фактот што за  многу кратоко време бројката на производи достигна над 1100 од 95 трговци на 42 ланци на маркети, изјави Дурмиши, кој беше придружуван од заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски.

TV21

Read Previous

Во Северна Македонија се одржа 10-тиот меѓународен фестивал на турската поезија „Јахја Кемал Бејатли“

Read Next

Во нападот во училиштето во Загреб е убиено едно дете, напаѓачот е приведен