Десеттиот меѓународен фестивал на турската поезија „Јахја Кемал Бејатли“ се одржа во Скопје, известува Анадолу.
На програмата, спроведена од страна на Сојузот на турски невладини организации на Македонија (МАТУСИТЕБ) под покровителство на министерствата за култура и туризам на Туркије и на Северна Македонија, со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), под раководство на Здружението Ќопру, присуствуваа потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик, претставници на турските институции и организации во земјата, поети и љубители на литературата.
Во изјавата за новинарите пред програмата, потпретседателот Чевик потсети дека поетскиот фестивал е организиран во спомен на 140-годишнината од раѓањето на Јахја Кемал Бејатли, како дел од Турскиот образовен фестивал по повод 21 декември – Ден на наставата на турски јазик.
Истакнувајќи дека за Јахја Кемал ќе зборуваат поети и писатели од соседните и братскит земји, како и од Туркије, потпретседателот Чевик рече:
„Ќе зборуваме за неговото разбирање за поезијата и културата, бидејќи знаеме дека турската нација преку поезијата го пренесува својот јазик, традиција, култура, љубов и почит и својата историја од колено на колено. Поезијата се користела како инструмент од страна на турската нација за да ја изразат својата љубов и почит еден кон друг и сопствената историја.“
– „Од градот на поезијата Скопје, преку песните на поетите ќе го рефлектираме нашиот јазик во турскиот свет“
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим, рече дека ја организирале програмата по повод 21 декември – Ден на наставата на турски јазик и додаде:
„Веруваме дека нашиот јазик ќе го рефлектираме во турскиот свет со песните на поетите кои дојдоа во Скопје, градот на поезијата, родното место на Јахја Кемал Бејатли, кој вели ‘молчелива татковина, од древниот турски град’.“
Директорот на Институтот Јахја Кемал проф. Д-р Мехмет Самсакчи ги информираше присутните за животот и делото на Јахја Кемал Бејатли, а поети од регионот и од Туркије, особено Лејла Шериф Емин од Северна Македонија и Зејнел Бексач од Косово, читаа свои песни.
Јахја Кемал Бејатли, еден од класиците на турската литература, чие вистинско име е Ахмед Агах, е роден во Скопје на 2 декември 1884 година.
AA