декември 23, 2024

Во нападот во училиштето во Загреб е убиено едно дете, напаѓачот е приведен

Во нападот со нож утринава во Основното училиште „Пречко“ во хрватскиот главен град Загреб, едно дете е убиено, а наставничка и петмина ученици се повредени.

Во нападот со нож утринава во Основното училиште „Пречко“ во хрватскиот главен град Загреб, едно дете е убиено, а наставничка и петмина ученици се повредени, јавува Анадолу.

Министерката за здравство Ирена Хрстиќ во изјава за хрватските медиуми потврди дека седумгодишно дете го загубило својот живот, а шест лица, од кои пет деца, се повредени.

„Според информациите што ги имам од службата за брза помош, шест лица се повредени, едно дете починало на терен по реанимација“, изјави Хрстиќ.

Медиумите јавуваат дека наставничката е хоспитализирана во болницата „Свети Дух“ и дека нејзиниот живот е во опасност.

Информацијата дека едно дете починало ја потврдија и од полициската управа во Загреб.

„Денеска, 20 декември, околу 9:50 часот, 19-годишен хрватски државјанин со остар предмет повреди наставничка и неколку ученици во воспитно-образовна установа на подрачјето Пречко. Напаѓачот е под полициски надзор. На повредените им е укажана лекарска помош. Од здобиените повреди едно дете го загуби својот живот“, соопштија од полицијата.

Како што претходно објавија хрватските медиуми, децата веднаш по инцидентот биле изнесени од училиштето, а на местото пристигнале полицијата и екипите на итната помош. На игралиштето во близина на училиштето слета и хеликоптер на брза помош.

AA

Read Previous

Производите од новогодишната кошница поевтиниле за 10 проценти, регистрирани ситни забелешки, уверуваат Дурмиши и Стојкоски

Read Next

Просечната нето плата во октомври 42 134 денари