декември 25, 2024

Сиљановска Давкова на средба со Питер Смолвуд и Рон Неринг: Разменети мислења за меѓународната, европската и регионалната политика, воените конфликти и можните решенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова имаше средба со Питер Смолвуд, истакнат член на британската Конзервативна партија и со Рон Неринг, директор за меѓународни програми на американскиот Институт за лидерство и поранешен претседател на Републиканската партија на Калифорнија.

На средбата беа разменети мислења за меѓународната, европската и регионалната политика, воените конфликти и можните решенија за мир.

Посебно внимание беше посветено на Западниот Балкан и неговата долга и компликувана демократска консолидација и евроинтеграција.

Беше реафирмирана и потенцирана важноста на американско-македонското стратешко партнерство по победата на Републиканската партија и на Доналд Трамп на претседателските избори.

На средбата беше изразена согласност дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ конечно ќе стави крај на опасноста од дестабилизација и балканизација и ќе доведе до негова реунификација во Европа, каде припаѓа не само географски, туку и историски и културно.

Обата соговорници изразија разбирање и поддршка за почеток на нашите преговори со ЕУ.

TV21

Read Previous

Туркије ја осуди одлуката на Израел да ги прошири нелегалните населби на Голанската Висорамнина

Read Next

Кривичен суд ќе одлучува за притвор за Груби и Бајрами