Турското МНР соопшти дека тековните акции на Израел сериозно ги поткопуваат напорите за воспоставување мир и стабилност во Сирија и дополнително ги зголемуваат тензиите во регионот.
Туркије денес ја осуди одлуката на Израел да ги прошири своите нелегални населби на Голанската Висорамнина, јавува Анадолу.
Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека тековните акции на Израел сериозно ги поткопуваат напорите за воспоставување мир и стабилност во Сирија и дополнително ги зголемуваат тензиите во регионот.
Нарекувајќи ја одлуката „нова етапа“ во израелската експанзија преку окупација, Министерството соопшти: „Овој чекор на Израел е извор на сериозна загриженост, преземен заедно со влегувањето на Израел во областа на одвојување што го прекршува Договорот за недејствување од 1974 година, неговиот напредок во соседните области и воздушните напади во Сирија“.
Министерството ја повика меѓународната заедница да преземе „соодветни мерки“ за да се стави крај на „незаконските чекори на Владата на Нетанјаху“.
АА