Премиерот Христијан Мицкоски, денеска зборуваше за вчерашниот инцидент каде што во главниот град се сквернавеше македонското знаме, на денот на прослава на албанското знаме.
„Најостро го осудувам, сепак претставува чин на агресија, нешто за кое предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип за обиди за ескалација за креирање на етнички тензии има, и ќе има. Ако мислите дека е изолиран случај, не е. Бидејќи како правдата полека се доближува до криминалците, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и едниствениот начин да го одбранат криминалот е вака. Честитам на навременета реакција на МВР, бирото за јавната безбедност, СВР Скопје, припадниците на МВР кои не дозволија ескалирање, и реагираа во насока на приведување на лица кои го свекрнавеа дражвното знаме. Ќе бидат денеска изведени пред судија, тие ќе бидат обвинети според чкленот 319 каде што затворската казна е од 1 до 3 години затворска казна“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека ќе нема милост кон никого, и упати апел до сите граѓани.
„Ќе нема милост кон никого, и и ако мислат дека се недопрливи, и ако мислат дека ова што го зборуваме не е вистина, мислам дека силно ќе се разочараат и ќе бидат сведоци уште на првиот обид за овие кои во текот на вчерашниот ден беа приведени, но и за оние кои ќе бидат приведени ако се докаже за кривично дело. Мислам дека нема да се сведе само на осум приведени лица. Апелирам на македонските граѓани, од било која етничка заедница, да не дозволиме овие криминални групи, кои се длабоко во своето политичко мочуриште, да не дозволиме да ја дестабилизираат Македонија, а ние како влада ветуваме активност и акција. За ова бевме предупредени, бидејќи имавме информации и исто така ги информиравме нашите стратешки партнери. Заедно со МНР ги информиравме нашите стратешки партнери затоа што се случуваше, за тоа со какви информации располагаме. Бидете сигурно дека македонската влада ќе одговори најжестоко на ваквите случаи“, рече Мицкоски.
TV21